Општина Битола и приватната компанија „Цермат“-Битола, главни акционери во ФК „Пелистер“ денес заеднички соопштија дека во наредниот период новиот тренер на ФК Пелистер ќе биде познатиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски.„Амбициозни сме и сакаме да го направиме она што е најдобро до крај. Верувам дека на оваа вест ќе се израдуваат сите спортисти, а најмногу ние кои живееме во Битола и од срце даваме поддршка на ФК Пелистер. Од денеска започнува една нова страница во спортот во Република Македонија, а посебно во фудбалот. Чекор по чекор почнуваме да ги средуваме работите. Со доаѓањето на Ѓоко Хаџиевски Пелистер ќе создаде многу проблеми на многу фудбалски клубави во Македонија, но и пошироко“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Според новиот тренер на ФК „Пелистер“, Ѓоко Хаџиевски, основниот мотив за како што рече враќање во Битола после 24 години, е желбата да се направи клуб подобар од било кога досега.
„По 24 години повторно сум во Битола и можам да ви потврдам дека сум во полна силна и не доаѓам како ислужен тренер. Мотивиран сум како никогаш до сега и верувам во проектот кој ми беше претставен. Кога пред два месеци за прв пат се сретнавме со сопственикот на клубот, Зоран Ристевски најнапред се понудив од помош во било која улога во клубот. Подоцна колку почесто се гледавме увидов дека амбициите на овој клуб, на мојот Пелистер се многу поголеми. Се препознав во идеите и плановите и многу ми значи што сите тука ме пречекаа како дома. Горд сум што и градоначалникот застанува јавно зад проектор кој го градиме и тоа не е мала работа.
Не чувствувам притисок иако знам каква публика е битолската. Работам 26 години без ниту една пропуштена сезона и имам преку 1000 професионални натпревари како тренер и ниту еднаш не сум имал промашен проект. Затоа и со овој Пелистер верувам во долгорочна стратегија и верувам дека прво ќе изградиме центар, а потоа или напоредно со тоа ќе дојдат и резултатите„ истакна Хаџиевски на скоро едно часовното обраќање пред седмата сила, која одамна не била така бројна како денес во Битола. Хаџиевски и неговата „десна рака„ Коки Аврамовски веднаш се упатија на првиот тренинг со пелистерци под Тумбе кафе.
Новиот шеф на стручниот штаб ги поздрави напорите на локалната самоуправа за изградба на нов стадион со европски стандарди, а тоа ќе значи да се врати поранешниот просек од повеќе илјадна публика по натпревар која ќе гледа нови асови
„Овој клуб мене ме афирмира и затоа сакам да се оддолжам во вистинска смисла на зборот. Концепцијата на клубот е одлична и со меѓународни аспирации и затоа убеден сум дека овој нов ангажман е подобар отколку понудите од странство. Верувам дека со овие амбициозни планови можеме да направиме многу, а за тоа освен од раководството имам поддршка и од јавноста и уверен сум дека ќе ги исполниме очекувањата“, нагласи Хаџиевски.„Амбициозни сме и сакаме да го направиме она што е најдобро до крај. Верувам дека на оваа вест ќе се израдуваат сите спортисти, а најмногу ни