Новак Ѓоковиќ експресно се рехабилитираше од шокантниот пораз на стартот од турнирот во Монте Карло, триумфирајќи на Мастерс-турнирот што во изминатата седмица се одржуваше во Мадрид. Србинот во големото финале го совлада Енди Мареј во сетови, симнувајќи го Британецот од тронот каде се искачи минатата година, воедно и освојувајќи ја 29. мастерс-титула во кариерата, што е за една повеќе од досегашниот рекорд на Рафаел Надал.Ѓоковиќ фуриозно го почна мечот, правејќи два брејка на самиот старт за водство од 4-1, по што рутински го доби првиот сет со 6-2. Мареј, кој во полуфиналето го елиминираше Рафаел Надал, одговори на предизвикот и со одлична игра го доби вториот сет (3-6), по што стана јасно дека ќе се води беспоштедна битка за трофејот.
Клучниот сет беше израмнет до 2-2, а потоа Новак влезе во ритам, освои четири од следните пет гејма и заслужено го освои пехарот, само втор за него во Мадрид. Мареј пропушти идеална шанса да се врати откако при 5-3 за Ѓоковиќ имаше 0-40 на сервис, не искористи дури седум брејк-шанси, па на крајот му ја препушти победата на прворангираниот светски тенисер.
Ова беше вкупно 32. меч меѓу двајцата добри пријатели, при што Србинот има импресивни 23 победи наспроти само девет на британскиот тенисер.
Мареј покрај трофејот, го загуби и второто место на АТП-листата, на кое веќе од денес повторно ќе се најде Роџер Федерер.Ѓоковиќ фуриозно го почна мечот, правејќи два брејка на самиот старт за водство од 4-1, по што рутински го доби првиот сет со 6-2. Мареј, кој во по