Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, предводниците на АТП листата испаднаа уште во четвртфиналната фаза од турнирот во Синсинати.Српскиот тенисер Ѓоковиќ, моментално тенисер број еден во светот, беше елиминиран од страна на Иснер во три сетови.
Првиот сет му припадна на Иснер со резултат 5-7, вториот сет го доби Ѓоковиќ со резултат 6-3, додека пак третиот и конечен го доби токму Иснер со идентичен резултат како првиот, со резултат 5-7, за огромно славје и полуфинале за американскиот тенисер кој ќе игра во полуфиналето со Дел Потро.
Енди Мареј, кој исто така важеше за тенисер кој ќе атакува на високите позиции на овој турнир, загуби уште во оваа рана фаза, во четвртфиналето.
Британецот, последниот освојувач на Вимблдон, беше совладан од страна на Томаш Бердих и тоа во два сета.
Првиот сет Бердих го доби со резултат 3-6, додека пак вториот 4-6.
Бердих во полуфиналето ќе игра против шпанскиот тенисер Рафаел Надал.Српскиот тенисер Ѓоковиќ, моментално тенисер број еден во светот, беше елиминиран од страна на Иснер во три сетови.