ГОЛЕМ БРОЈ НА ЛУЃЕ СЕ ОПРОСТИЛЕ ОД МАЛАТА ТИЈАНА: Молк, плaч и лелек на последното испраќање…

Молк, солзи и голема тага… Суботица синоќа достоинствено во тишина ја погребала настраданата Тијана Јуриќ (15). Граѓаните во голем број излегле пред своите куќи и згради за последен пат да се поздрават со малата Тијана.Верскиот дел од церемонијата е одржат во црквата во Суботица по што се направила долга колона која во тишина чекорела по улиците пропратена од полицијата.
Со огласување на ѕвоната од црквата во Суботица точно во 17 часот тргнала погребната поворка која пешачела до градските гробишта одалечени околу 1,5 километар каде е погребана Тијана.

На почетокот на колоната биле околу 200 расплакани другари на малата Тијана со букети цвеќе во рацете а на чело на нив биле нејзините две најдобри другарки и две момчиња кои за последен пат ја виделе жива.
Во поворката биле околу две илјади луѓе, другари на Тијана, роднини и пријатели но и граѓани на Суботица кои не ја познавале но дошле да изразат почит на сурово убиеното девојче.
Во Суботица синоќа било прогласено Ден на жалост!Верскиот дел од церемонијата е одржат во црквата во Суботица по што се направила долга колона која во тишина чекорела по улиците пропратена од поли

Пронајдете не на следниве мрежи: