петок, 27 ноември 2026
Најново

Голем џез концерт на Гоце Стевковски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Седум композиции, седум различни расположенија, видени низ призмата на седум извонредни музичари. Вака накусо може да се опише албумот „Седум приказни“ на македонскиот тапанар и композитор Гоце Стевковски, кој конечно ќе доживее и Голем концерт во Скопје! На 27 ноември во Македонската опера и балет во 20,30 часот, Стевковски и неговата музичка дружина во состав: Трајче Велков – труба, Кире Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон и флејта, Александар Икономов, контрабас, Дамир Имери – клавијатури и Сашко Николовски – тромбон, ќе одржат концерт на кој ќе бидат отсвирени прекрасните џез-теми сместени на албумот „Седум приказни“ кој светлината на денот ја виде минатата година, издаден за „Пасворд продукција“, а првата концертна промоција ја имаше на културното „Скопско лето“ во Сули-ан во Старата чаршија.
Големиот концерт во Македонската опера и балет на сцена ќе ги донесе седумте композиции со кои Гоце Стевковски конечно заплови и во водите на творештвото, и тоа е уште едно негово поле на интересирање во кое тој извонредно се снаоѓа. Бидејќи, одамна се познати неговите креативни вештини како тапанар и како член на повеќе македонски бендови. Но, македонската публика, овој пат ќе има можност да слушне и нови, досега необјавени творби кои ќе ја најават и идната звучна патека на бендот на Стевковски составен од афирмирани музички имиња кои претежно дејствуваат во сферата на џезот.
Албумот „Седум приказни“ уште веднаш го привлече вниманието на музичката публика и на критиката. Опишан е како албум кој носи нов здив на македонската џез-сцена, како издание кое претставува прекрасен спој на минатото и сегашноста, како музика која зрачи со оптимизам, која поседува романтичарски поглед со манири на заводливост, со мирис на вљубеност. Вистинско освежување е спојот на музичарите кои учествуваат на албумот, но и кои ќе се појават на концертот во МОБ – дувачкиот корпус е составен од млади, но веќе афирмирани музичари кои доаѓаат од престижната школа од Грац и ја збогатуваат македонската џез-сцена со своите нови искуства, потоа контрабасистот Александар Икономов неколку генерации поназад ја поминал истата школа и еден период свиреше и живееше во Њујорк, а искусните Николов и Имери долг период се дел од биг-бендот и од нашиот музички живот, воопшто. Заедно со Стевковски, овие момци прават еден несекојдневен и мошне впечатлив спој од разновидни музички влијанија.Вака накусо може да се опише албумот „Седум приказни“ на македонскиот тапанар и композито

Поврзани вести