ГОЛЕМ ЛЕТЕН ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Еве што ви подготвија ѕвездите за ОВА ЛЕТО!

Што ве очекува ова лето?Овен
Како огнен знак ова лето вие ќе се обидете да се покажете во полно издание но ќе морате да бидете соочени со непредвидливи околности. Од крајот на јуни ќе имате помош од Венера, планетата на љубовта која ќе ви биде наклонета и ќе ви донесе многу интересно, весели, разиграни и комуникативни луѓе во вашиот живот.Сепак, внимавајте бидејќи се до 7 август како вие, така и вашиот партнер можете да бидете склони кон паралелни врски или пак неочекувано ќе ви се допадне некој кој само ќе ви го искомплицира вашиот живот. Дамите Овни ќе бидат повеќе од слаби и попустливи пред шармот на Близнаците, Овните или Вагите. Многу патувања, разни средби и нови познанства ве очекуваат ова лето а највлијателна ќе биде една Водолија која целосно ќе ви го промени животот.
Бик
Подгответе се за долго и топло лето. Марс, планетата на страста ќе ве надвладее од 3 јули каде ќе бидете доста слаби, романтични и заљубени во некоја јавна личност, некој кој се занимава со уметност, но и некој непредвидлив. Од средината на јули можете да бидете во искушение да влезете во тајна врска со некој кој ќе го запознаете на работа, некој во знакот на Стрелец, Бик или Водолија. Веќе при крајот на јули ќе бидете во дилема дали да ја продолжите врската или не бидејќи можно е да запознаете некој во знакот на Риби на чиј шарм тешко ќе одолеете. Ќе бидете подготвени и да се впуштите во авантура во која целосно ќе уживате. Ако сте подолго време сте заљубени а несигурни во себе, посебно доколку ви се допаѓа неој во знакот на Бик, Девица или Вага ретроградното движење на Маркур од 15 јули до 8 август може да ви донесе и непријатни изненадувања во вид на приказни за парнерот кои нема да бидат точни. Не слушајте никого, посветете му се само на него и имајте повеќе доверба.
Близнаци
Меркур, господарот на вашиот знак од 15 јули до 8 август ќе се движи ретроградно, поради што и ќе бидете прилично доста сигурни во своите одлуки  раководени од силата на Венера, планетата на љубовта која ќе ве направи доста шармантни, комуникативни и подготвени да и се препуштите на љубовта. Ќе имате потреба а квалитетна врска и духовен спој и ќе бидете подготвени и слободни за една романтична Вага или страствен Овен кој би можел да покаже нетроение кога се во прашање заедничките планови и да покаже доза на љубомора. Во втората половина од летото ќе влезете во знакот Лав што ќе ве направи страствено посесивни, склони кон емотивно врзување за темпераменти и доминантни личности, па можно е и започнување на врска со Јарец кој во голема мера и е посветен на кариерата. Доколку се работи за колега, најверојатно ве чека заеднички службен пат на кој ќе се случи романса за која сте сонувале.

 

Рак
Исклучително нагласени ќе ви бидат астролошките куќи за приватност и љубовните тајни, со кои ќе сакате да го држите приватниот живот подалеку од јавноста. До 7 јули ќе имате засилена потреба за романтика но и несигурност во себе и своите чувства. Тоа ќе биде така се до 23 август се додека не запознаете некого во кого ќе имате целосна доверба. Вашата потреба за емоционална сигурност нема да биде задоволена се до крајот на август се додека Марс не влезе во знакот на Скорпија кога ви претстои неверојатна страствена врска и познанство со некој кој ќе ве освои на прв поглед. Дамите Ракови може да бидат опседнати со некоја угледна личност , политичар или лекар. Многу од Раковите  ќе дојдат до искушение да влезат во емотивна врска со некој кој не  е слободен, најверојатно се работи за некој колега кој е склон кон флерт.
Лав
Се до 7 август ќе имате големи можности на љубовен план. Можно е вашите пријатели да ве запознаат со некој кој многу ќе ви одговара. На 3 јули Марс, планетата на страста  ќе влезе во вашиот сроден знак Вага каде ќе бидете доста романтини и непредвидливи. Некоја Водолија можно е во голема мера да ви го промени душевниот мир и да се поигрува со вашите чувства но вие сепак ќе успеете да излезете со неа на крај. Кон крајот на август Марс ќе влезе во знакот на Скорпија , а во почетокот на септември ќе ви помогне да размислувате посериозно за брак и да преземете чекори кон тој правец.  Јулските Лавови   ќе бидат подготвени на разни лудости и доста оригинални потези кои ќе му се допаднат на вашиот партнер. Ќе имате голема стабилизација на љубовно поле на крајот од ова лето.
Девица
Вашиот знак е под големо влијание на Нептун, планетата која од оваа година во вашето астролошко поле ќе ви праќа претставници на знаци кои ќе ви носат добри вибрации. Многу од августовските Девици можеби ќе се заљубат а оние кои веќе се во врска со некого ќе планираат пат со партнерот околу 15 и 8 јули. Оние пак кои се слободни ќе имаат можност да доживеат некаква романса на море. Следниот поволен период ќе биде на крајот на август, каде доколку сте дама Девица ќе се заинтересирате за партнер кој ќе биде доста упорен да ве освои иако не сте слободни. Мажите Девици ќе се заинтересираат за некоја личност која ќе се занимава со уметност, новинарка или јавна личност. Оние кои се родени во средината на 80-те се наоѓаат во тежок период за заљубување.

Вага
Претставниците на овој знак кои се под влијание на Венера се до 7 август ќе имаат прилика и способности за заведување  на некој Лав, Водолија, Јарец или Близнаци. Малку се оние кои ќе можат да ви одолеат, дури ниту една Скорпија која ќе сака да има моќ над вас ќе има чувство дека „и се лизгате од раце“. Марс , планетата на страста, со влегувањето во вашиот знак од 3 јули ќе ви овозможи  се што сте сонувале да си исполните. Бидете само трпеливи. Од 6 септември, Венера ќе влезе во знакот на Лав и нема да можете да ги надвладеете вашите чувства, особено доколку сте родени пред крајот на знакот, а доколку сте септемвриска Вага можно е да ви се допадне некоја друга Вага, Риба, Бик или Лав. Ќе се обидете  некоја Водолија или Овен да ставите под контрола но тие успешно ќе се одбранат па затоа ве чека доста тежок период.
Скорпија
Плутон, планетата на страста, господарот на вашиот знак иако преоѓа во ретроградно движење преку првата декада на знакот на Јарец, ќе ве направи поспособни во заводничките способности. Од 3 јули во влегувањето на Марс во романтичната Вага ќе си направите добар терен за се она што ќе се случува од крајот на август па понатаму. По скоро две години ќе бидете конечно на свој терен и ќе бидете подготвени да ги преземете работите во свои раце. Многу Скорпии ќе размислуваат за брак или заеднички живот или пак ќе планираат пат во странство, можно е и на подолго. Нептун, планетата на романтиката по 4 јули ќе ве внесе во голема дилема за својот партнер. Дамите Скорпии родени во почетокот на 80-те веројатно ќе бидат заинтересирани за некој Овен, Јарец или Вага а можно е да се работи и за некој уметник, правник или личност која е усклучително амбициозна и посветена на кариерата.
Стрелец
Јупитер, планетата на вашиот знак од 11 јуни ќе започне послабо да влијае на вашата моќ за расудување и ќе ве направи доста конфузни во врска со вашиот партнер. Последица за тоа може да биде и обновување на врска која во иста мера ве исцрпувала вас или вашиот партнер кој е исто толку несигурен колку и вас. Од 7 август ве очекуваат доста возбудувања а притоа  ќе бидете и доста романтично поставени  кон некоја Вага. Меркур, планетата на комуникацијата ќе биде во ретроградно движење од 15 јули до 8 август , поради што во тој период ќе бидете доста импулсивни а вашиот партнер претерано чувствителен на критики. Ерос кој ви носи бројни можност за флерт, под дејството на Сатурн ќе ви провлијае најмногу кон почетокот на септември, кога ќе бидете способни дури и да кажете „ДА“ на некому.

Јарец
Летото е период коха претставниците од вашиот знак очечуваат некаква романса на летувањето но таа дури ќе се случи на крајот на летото или почетокот на Есента.Доколку во текот на јуни му одолеете на некој кој го гледате постојано на работа, ќе бидете убедени дека сте се спасиле од нешто а не знаете ни самите од што. Јупитер во Близнаци до таа мера ја ослабнал вашата способност за одбрана од било што, кое е во врска со љубовта. Од 15 до 8 август нема да се спасите од љубомората на вашиот партнер, но и самите ќе се почувствувате запоставени особено доколку партнерот е посветен повеќе на други активности. Рибите, Скорпијата или Бикот, за вас можат да бидат најдобриот избор. Со Близнаците, Стрелците и Девицата ќе мора да играте тактички доколку не сакате врската да ви западне во ќор сокак.
Водолија
Вашиот знак под влијание на Уран ќе ви донесе многу бунтови, раскинувања, изневерувања, вонбрачен живот, а влегувањето во знакот Овен кој направи големо пореметување на многумина од овој знаците, кај вас ќе донесе само чувство на слобода. Што и да ви се случува, вие ќе правите токму како што вие сакате. Јупитер преку знакот на Близнаци ќе ви го засили тоа чувство, да се чувствувате како господар на својот живот и ќе имате доста нагласена еуфорија. Ќе бидете под голем притисок од страна на семејството во врска со тоа кој партнер ќе го одберете. Најлошо што можете да направите е да седите и да ја чекате судбината што ќе одлучи за вас. Освен срцето, послушајте го некогаш и разумот.Можна е и романса со Вага која е присутна во јавноста.
Риби
И вашиот знак во текот на оваа година доживеа трансформација, бидејќи Нептун, планетата на романтиката влијаеше на оние кои се родени во февруари и ги направи подготвени на секакви лудости. Многумина од вас за прв пат ќе се заљубат а оние слободните ќе доживеат романса на патување. Оние родените по 10 март ќе се запознаат со некој кој ќе има високо мислење за нив, но таа личност нема да биде подготвена да се ангажира за врска. Пасивноста на вашиот партнер може да биде причината што по 23 август ќе побарате друштво кај некој Овен, Јарец или Скорпија. Од почетокот на јули ќе бидете доста активни на полето на љубовта. Поради тоа и ќе имате доста несогласувања со вашиот партнер и тоа од средината на 8 август, особено доколку се работи за Близнаци, Девица или Скорпија. Оние посреќните претставници од вашиот знак ќе планираат заеднички живот со партнерот некаде во странство.Овен
Како огнен знак ова лето вие ќе се обидете да се покажете во полно издание но ќе морате да бидете соочени со непредви

Пронајдете не на следниве мрежи: