Голем одрон го блокира патот Неготино Полошко-Ломница

Сообраќајот на локалниот пат што ги поврзува полошките села Неготино Полошко и Ломница од синоќа е во прекин поради одрон од камења и земја кои паднале на коловозот.Според првичните сознанија на Дирекцијата за заштитата и спасување, кај месноста „кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри се срушила поголема количина на земјен нанос.
Локалните жители случајот го пријавиле во полиција, синоќа околу 20 часот.
Од утрово, екипи со механизација од општина Врапчиште се испратени на местото и работат на санирање на свлечиштето, а на терен се екипи на гостиварската Дирекција за заштита и спасување. По увидот ќе се направи проценка кога патот ќе биде расчистен и прооден.Според првичните сознанија на Дирекцијата за заштитата и спасување, кај месноста „кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.