Топлото време со дневни температури над просечните за овој период од годината ќе за задржи уште денес.Од УХМР информират декапоради изразеното јужноструење на висина, денес попладне и во ноќните часови ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара кон подрачјето на нашата земја.
-Под влијание на циклонска активност во Македонија од утре до недела ќе настапи дестабилизација на временската состојба која ќе услови променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови, информират од УХМР.
Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во југоисточните делови. Во недела ќе имаме посвежо време со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните, а врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.
Од УХМР известуваат дека стабилизација на времето не очекува од понеделник, а од вторник и пораст на дневната температура.
Од УХМР информират декапоради изразеното јужноструење на висина, денес попладне и во ноќните часови ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара