Над 1.600 пожарникари се обидуваат да стават под контрола голем пожар, поради кој неколку стотици луѓе ги напуштиле кањоните северно од американскиот град Лос Анџелес, кои се зафатени од суша.Засега еден човек загинал во огнената стихија, а уништени се 18 куќи и затворен е автопатот за сообраќај.
Силните ветрови и големата суша утрово предизвикаа огнот да зафати поголема површина, која достигна 13.300 хектари. Пожарот претставува закана за повеќе мали општини во близина на Санта Кларита, многу блиску до националната шума Анџелес, каде има голем број луксузни вили.
– Поради сушата, која трае веќе петта година, ние имаме вонреден режим на работа, изјави началникот на локалната противпожарна служба Дарил Осби.
Пожар беснее, исто така, и во крајбрежниот реон на округот Монтереј, на 480 километри северозападно од Санта Кларита, поради што властите вчера извршија евакуација во неколку општини.Засега еден човек загинал во огнената стихија, а уништени се 18 куќи и затворен е автопатот за сообраќај.
Силните ветрови и големата суша у