Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица итн), пофални слова за други празници на апостоли и маченици (за блажениот пророк Захарија и за раѓањето на свети Јован Крстител, за светите четириесет маченици, за свети Лазар, Свети Димитрија, за бестелесните Михаил и Гаврил, за Свети Јован Златоуст, за Свети Климент патријарх Римски и многу други дела.
Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.
Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 27 јули според стариот односно на 9 август според новиот календар во Охрид.
Со божествена литургија и со врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за годинава денеска во Македонија се одбележува празникот Свети Климент.
Со низа активности и општина Охрид го празнува својот патрон.Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец