Тимот на агенцијата „McCann Beograd“ ја осмисли и реализира кампањата „Драма во такси“ за Југословенскиот народен театар (Jugoslovensko narodno pozoriste). Трите спота од кампањата во коишто учествуваат актерите од овој театар само во првите 24 часа имаат забележано повеќе од 200.000 прегледи на YouTube.Тројцата актери Небојша Љубишиќ, Слободан Тешиќ и Стефан Бундало на еден ден се најдоа во необични улоги – возејќи такси на улиците на Белград, изведуваа свои интерпретации на познатите драмски дела. Оваа интерактивна и модерна кампања на различен и поприфатлив начин го доближи репертоарот на театарот кон потенцијалната публика.
„Промовирање на уметноста е доста комплексна и осетлива работа во која најбитно е да се знае мерката.”, изјави Тамара Вучковиќ Манојловиќ, в.д. директор на Југословенскиот народен театар додавајќи притоа: „Нашата цел беше да ја најавиме новата театарска сезона и уште повеќе да го зголемиме интересот за нашите претстави. Особено ни е драго што кампањата има предизвикано голем интерес.”
Реакциите на патниците додека ги слушаат приказните од претставите ги имаат забележано скриените камери поставени во автомобилите. Деловите од театарските дела се сместени во реален живот и ги доловуваат највозбудливите, најшокантните и најемотивните моменти во времетраење од само две минути.
„За креативците во адвертајзинг агенциите една од најголемите сатисфакции е кога нешто што ќе го осмислат ќе стане дел од поп културата и секојдневниот говор на луѓето. Не помина ниту еден ден откако нашите вирали за ЈДП се појавија на Интернет, а луѓето веќе почнаа да ги цитираат репликите од таксито како “Desa, sunce tatino”, “Nemoj da te tata zgazi kolima“ или “A baba samo gomila šuške”.“, истакна Владимир Ќосиќ, креативен директор во “McCann Beograd” и додаде: ”На поразличен начин успеавме да ги доближиме претставите на ЈДП кон пошироката публика и да докажеме дека таканаречената “сериозна” уметност може да биде забавна, возбудлива и интересна. Се надеваме дека нашата кампања ќе привлече голем интерес на почеток на новата сезона на ЈДП”.
Трите спота можете да ги погледнете да следните линкови:
Трите спота можете да ги погледнете да следните линкови:
Драма во такси – Понапнато од Шекспир: https://www.youtube.com/watch?v=0Hb9ng5jLrs
Драма во такси – Достојевски на белградските улици: https://www.youtube.com/watch?v=VlkcsEf3lrQ
Драма во такси – Венецијанска одмазда на српски начин: https://www.youtube.com/watch?v=8Wl8KSbO_pQТројцата актери Небојша Љубишиќ, Слободан Тешиќ и Стефан Бундало на еден ден се најдоа во необични улоги – возејќи такси на улиците на Белгра