КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, го слави својот трет роденден со голема роденденска акција која ќе трае 3 дена почнувајќи од 31-ри март се до 2- ри април. Во овој период повеќе од 33.000 книги од најразлични жанрови ќе бидат со намалени цени, овозможувајќи им на читателите достапност на книги за сечиј вкус.„Како пионери во електронската продажба на книги, изминатите 3 години се соочивме со различни предизвици и ситуации. Поттикот и поддршката што ги добиваме секојдневно од нашите читатели се главната движечка сила и мотив да продолжиме со нашата цел, а тоа е да ја направиме книгата достапна за секого и насекаде. Нашиот труд е насочен кон тоа да ги донесеме новитетите од пишаниот свет, да бидеме постојано во тек со светските трендови и на нашите корисници да им пружиме врвна услуга и квалитет каков што заслужуваат.“ – изјави Сашо Јовановски, Извршен директор на iVote.На КупиКнига.мк моментално може да се најдат повеќе од 44.000 книги на неколку јазици, распределени во 136 категории и поткатегории вклучувајќи белетристика, стручна литература, детска литература, монографии, стрипови, класици, популарна психологија, бизнис литература и книги од многу други специфицирани области. Во своето тригодишно постоење, КупиКнига.мк бележи константен раст на продажбата и интересот да се купува по електронски пат значително е зголемен. Корисниците нарачаните книги ги добиваат на домашна адреса насекаде во Македонија и светот.За КупиКнига.мк и iVoteКупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Позади КупиКнига.мк стои iVote, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. iVote е прогласен за национален иновативен шампион на Европските бизнис награди 2014/15, а нивната платформа за изборни процеси, Demokra, изработена според најсовремени технологиии има обработено повеќе од 116 милиони гласови ширум светот.„Како пионери во електронската продажба на книги, изминатите 3 години се соочивме со различни предизвици и ситуации. Поттикот и поддршк
Пронајдете не на следниве мрежи: