Голема наградна игра на Кит-Го и Тера Маркети!

(Штип, 28.04.2016) – Автомобил, скутери, велосипеди, летувања и патувања во Европа се само дел од наградната игра што Кит-Го, најголемиот ланец на малопродажни објекти во Источна Македонија ја организира за своите потрошувачи.Со почеток на 28ми април, во наградната игра ќе можат да учествуваат сите граѓани што купуваат од Кит-Го и Тера Маркети.
„Нашата 23 годишна традиција и опстојување на македонскиот пазар ни овозможува да кажеме дека сме горди на нашата работа и благодарни на нашите потрошувачи. Досега дадената доверба е доказ дека низ годините постојано ги задоволуваме барањата и потребите на купувачите, и преку голем труд и напор на нашиот менаџерски тим и вработени се обидуваме да ги задоволиме очекувањата на сите купувачи. Оваа наградна игра е само мал дел од нашата благодарност кон нив и веруваме дека граѓаните ќе учествуваат и ќе се забавуваат, а најсреќните ќе се израдуваат со голем број награди од предвидениот фонд“, изјави Александар Попов, комерцијален директор во Кит-Го.

Наградите ќе се извлекуваат секој месец, во четири фази, започнувајќи од Струмица на 4ти јуни, а потоа на 9ти јули во Неготино, 20ти август во Кочани и главното извлекување на 1ви октомври во Штип.Со почеток на 28ми април, во наградната игра ќе можат да учествуваат сите граѓани што купуваат од Кит-Го и Тера Маркети.

Пронајдете не на следниве мрежи: