Голема победа на Индијанците во САД!

Инженерските тимови на САД  кои се одговорни за правецот на нафтоводот Dakota Access, одлучија да ја променат трасата на цевките.Тоа се случи по повеќе од половина година протести, за време на кои Индијанците од резерватот Standing Rock беа тепани, растурани со водени топови, апсени, подложени на блокади, глад и понижувања, но конечно победија.
Ставањето на цевките на нафтоводот „Пристап до Дакота“ (Dakota Access) од компанијата Energy Transfer Partners беше суспендирано од инженерските тимови на САД. Пред тоа, претседателот Барак Обама стави вето на проектот, но тоа не ги спречи државните власти.
Првично трасата требаше да поминува во реонот на север по реката Мисури, градот Бизмарк со претежно бело население. По протестите, таму сепак беше одлучено подземните цевки да бидат положени на територијата на индијанскиот резерват.
Во пролетта, локалните Индијанци направија шатори кои повеќе од половина година го блокираа пристапот на компанијата до теренот за изградба. Државните власти и вооружената стража на нафтоводот постојано се обидуваа да ги избркаат демонстрантите.
На 3 септември од компанијата која е одговорна за градење нафтоводот, се обидоа да поминат низ кампот со булдожери, пуштиле кучиња и користеле спреј против демонстрантите. Сето ова пред погледите на полицијата.
Во октомври властите уапсија над 140 Индијанци кои се пожалија дека трпат „невообичаено груб однос кон нив“. При едно од апсењата, девојка од кампот била принудена да се соблече гола пред полицајците, била претресена, по што била затворена зад решетки, без да ѝ дадат облека.

 
Конфликтот ескалираше уште повеќе кон крајот на ноември. Денот на благодарноста беше одбележан со судири помеѓу полицијата и обезбедувањето на нафтоводот. Против демонстрантите беа употребени водени топови и гранати со солзавец, но полицајците не успеаја да ги отстранат шаторите. По барање на локалната администрација за решавање на конфликтот, на помош дојдоа и војници.
Така, на крајот на месецот команда на копнените сили на САД побара отстранување на шаторите, но Индијанците продолжија со протестот и не отстапија.
На 28 ноември гувернерот на државата Северна Дакота издаде наредба за итна евакуација на демонстрантите, наведувајќи ги како причина влошените временски услови. И покрај ниските температури и снегот, учесниците во протестот сепак не го напуштија кампот. Локалните власти неколкупати го блокираа пристапот до кампот, прекинувајќи го снабдувањето со храна и вода. Казни беа наметнати на луѓето кои доставувале гориво и храна за демонстрантите.
Некое време дури биле заклучени и мобилните тоалети на шаторите. Претходно, водачите на индијанското племе од Канада и северните делови на САД одлучија да се обединат во борбата против изградба на нови енергетски траси во населени области од нивна страна. Претставници на 50 индијански народи од Северна Америка се изјаснија против експлоатацијата на гас и нафта во заштитени зони и резервати.
Индијанците посочија дека трасата на нафтоводот Dakota Access може да нанесе непоправлива штета на локалните водни базени и ќе го отежни пристапот на други племиња до вода за пиење. Нешто повеќе, трасата минува низ историски места, кои се свети за Индијанците.
Така, конечно дојде до менување на рутата на нафтоводот со должина 1 825 километри, кој ќе пренесува 470 000 барели нафта дневно од наоѓалишта во Северна Дакота до рафинериите во Илиноис.
Проектот во вредност од 3,8 милијарди долари требаше да биде завршен на крајот на годината.Тоа се случи по повеќе од половина година протести, за време на кои Индијанците од резерватот Standing Rock беа тепани, растурани со водени топови,

Пронајдете не на следниве мрежи: