Во село Могила се пронајдени 24.826 килограми тутун тип „Вирџинија“, како и шест ниви со насади од овој тип тутун, во акцијата што ја спровеле вчера и завчера СВР Битола и Државниот инпекторат за земјоделство во координација, за пронаоѓање насади и обработка на тутун „Вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат.Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тутунот е пронајден при претреси кај физичките и правното лице врз основа на наредбиод Основниот суд Битола.
Државниот инспекторат за земјоделство издадал пет платни налози од 1.000 евра за пет физички лица и еден од 20.000 евра за едно правно лице, односно вкупно шест платни налози во износ од 25.000 евра. Истовремено од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се издадени три решенија за разорување ниви, а во постапка се издавање на уште три решенија за разорување ниви насадени со тутун од типот „Вирџинија“.
Во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство СВР – Битола ќе продолжи со преземање мерки и активности за откривање на нови случаи со насади на тутун од типот „Вирџинија“ согласно Законот за тутун и чл. 276 од КЗ на Република Македонија, информира МВР.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тутунот е пронајден при претреси кај физичките и правното лице врз основа на наредбиод