Легендарната американска актерка со унгарско потекло За За Габор, почина во 99-та година од животот. Веста за смртта на Габор ја потврдил нејзиниот сопруг.Сопругот на актерката изјавил дека Габор починала дома, опкружена со семејството и пријателите.
– Сите беа таму. Не почина сама – додал сопругот на Габор.
Актерката е родена на 6 февруари 1917 година во Будимпешта, како Сари Габор. Таа се мажеше девет пати, последен пат за Фредерик Принц фон Анхалта, со кој беше во брак од 1986 година.
Актерката пред 14 години имаше сообраќајна несреќа после која неколку недели беше во болница заради делумна парализа. Три години подоцна имаше и мозочен удар.
„Њујорк дејли“ ја опишува За За Габор како Парис Хилтон на својата генерација.
Во 1936 таа победи на изборот Мис на Унгарија, а пет години подоцна заминува во САД каде ја започнува својата филмска кариера. Глумеше во филмови како „Мулен руж“, „Лили“ и „Орсон Велс“.
Беше позната и по тоа што сите ги викаше „дарлинг“ (darling) со нагласен англиски акцент.Сопругот на актерката изјавил дека Габор починала дома, опкружена со семејството и пријателите.
– Сите беа таму. Не почина сама &ndas