Само што скандалот со превиткување на новиот iPhone 6 Plus (#bendgate) замина од очите на јавноста, се појавува нов проблем за најпрофитабилната компанија во светот. Овојпат, корисниците се соочуваат со „крешување“ на телефонот по само неколку минути…Според првичните информации, телефонот престанува да работи по неколку минути откако ќе биде вклучен или започнува константно да се рестартира. Оние кои го искусиле овој проблем веќе го контактирале Apple и добиле замени, но шпекулациите велат дека дел од корисниците веќе се на својот четврт iPhone и сеуште ги имаат истите проблеми.
Засега е познато дека проблемот се појавува само кај сопствениците на iPhone 6 Plus со меморија од 128 гигабајти. Теоријата вели дека причината можеби е големиот број на апликации кои се инсталирани (минатогодишните модели имаа 64 гигабајти меморија) или пак корисниците инсталирале апликации кои не се компатабилни со овој уред.
Иако оние засегнати со овој проблем го промениле својот уред и пробувале да ги реинсталираат апликациите една по една, сепак по неколку минути телефонот повторно престанува да работа.
Сеуште нема официјален коментар од Apple за овој нов скандал.
Извор: gsm.mk.Според првичните информации, телефонот престанува да работи по неколку минути откако ќе биде вклучен или започнува константно да се рестартира. Они