Поплавени околу 30 домови, а над 300 хектари со жито и тутун под вода и уништени од град е првичната проценка на општинската комисија за процени на штетите од Долнени по синоќешното силно невреме што ја зафати општината проследено со силен ветер, пороен дожд, град со големина на орев и со грмотевици.Од изутрината комисијата е на теренот, вели Ајше Мамудоска, член на општинската комисија.
– Ситуацијата е алармантна. Најпогодени се жителите од селото Лажани, па Дебреште. Има штети во Житоше, таму допрва треба да вршиме проценка, па во селата Секирци и Кошино. Поплавени се домовите, а околу 300 хектари со жито и тутун се уништени во атарот на селата Дебреште и Лажани. Апелирам жителите да ги пријавуваат штетите, а владина комисија да дојде и да се увери во ситуацијата на теренот, вели Мамудоска.
За сопственикот на стоковната куќа во Лажани Мирсад Црновршанин штетите се над 200.000 евра, само во уништена стока.
– Невремето почна синоќа околу 19:20 часот. Се се случи за 10 минути. Вода имаше близу два метри. Уништена е стоката во подрумот, куќата е оштетена, напукнати се ѕидовите. Противпожарната единица од Прилеп синоќа дојде и се испумпуваше водата, вели Црновршанин.
На Митко Најдоски и на Рамиз Корач од селото Лажани им се уништени приземјата од домовите, покуќнината, под вода биле шталите и гаражите.
– До изутрината бевме будни и се боревме со водата, вели Корач.
На Рашид Бајрамовиќ му се уништени 400 декари со жито и 50 декари пченка.
– Се е уништено. Водата и градот ги уништи. Ги немам осигурано, ете не мислев дека ова ќе ме снајде, вели Бајрамовиќ.
Според градоначалникот Боше Милошески општината ги презема сите мерки, пред се, во процена на штетите.
– Со непогодата не се знае, но големото невреме зеде уште поголем данок. Апелирам државата да му помогне на овој народ, вели Милошески.
Од силното невреме синоќа 80 отсто од општината Долнени остана без електрична енергија.Од изутрината комисијата е на теренот, вели Ајше Мамудоска, член на општинската комисија.
– Ситуацијата е алармантна. Најпогодени се