Големи се предностите од промовираниот проект за греење со пелети. Јован Јовановски, менаџер во „Еко Спар“ од Охрид смета дека со мерките се покриваат 70% од трошоците, што би значело дека едно семејство ќе заштеди во инвестирањето околу 30 000 денари, а проектот ќе придонесе и за развој на индустријата.Компанијата „Еко Спар“ постои веќе 10 години и произведува квалитетни продукти од еколошки и економски аспект кои се продаваат на европскиот пазар, Русија, а како што вели Јовановски се поголема станува продажбата на нивните камини во Македонија и Балканот. За новиот проект најавен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку кој ќе се субвенционира греењето на пелети, Јовановски вели дека предностите се од два аспекти.
-Првиот се однесува на самите корисници на овие камини, а вториот е заштитата на животната средина, односно овие камини имаат искористеност над 90 проценти, тоа е нивната ефикасност. Пелетите се јаглероддиоксид неутрални, што значи дека тие испуштаат многу малку јаглероддиоксид во атмосферата. Луѓето во Охрид зимно време се почесто користат дрва. Пелетите пред се ни овозможуваат заштита на животната средина. Од друг аспект, камините на пелети даваат голема автомонија, тоа значи дека сами се палат, се гасат имаат автоматско одредување на температурата која ја посакувате во станот, вели Јовановски.
Тој додава дека како компанија позитивно се изненадени од овој проект, бидејќи не размислувале дека вакво нешто брзо ќе се оствари во Македонија. Дополнително, вели тој, овој проект ќе влијае и на зголемување на бројот на вработени во фабриките кои произведуваат вакви грејни тела.
– Мислам дека тоа доста ќе олесни во продажбата на овие камини, посебно во Македонија затоа што до 30.000 денари субвенција не е мал дел од вредноста на камините. Самото намалување на 5 проценти на ДДВ-то на пелетите ќе овозможи пониска цена на пелетите, а со тоа и пониска цена на греењето. Оваа мерка е доста позитивна и мислам дека ќе влијае и на зголемување на вработените во индустријата, односно во фабриките како нас, кои произведуваме вакви тела. Ќе влијае во трговијата на пелети, на камините и во услужниот сектор, нагласува менаџерот на компанијата „Еко Спар“.
Компанијата „Еко Спар“ постои веќе 10 години и произведува квалитетни продукти од еколошки и економски аспект кои се продаваат на европ