Додека секојдневно и без престан паѓаат бомби во Алепо и умираат десетици цивили, ова момче дојде на свет. Иако едвај да ги отворил очите, тој веќе е малиот херој на Алепо. Зашто ја доби најголемата битка.Неговата мајка се вика Мајиса. На патот до болницата била тешко повредена во воздушен напад. Скршена ѝ е нога, а повреден ѝ бил и стомакот во кој во тој момент бил малиот јунак на Алепо. Бидејќи била во бесознание, бебето е родено со царски рез.
Во првиот момент изгледало дека сѐ е загубено, бебето не заплакало, а кожата му била бледа и бела. „Му чука ли срцето?“
-Не, жал ми е, ја распарал гробната тишнина гласот на лекарот.
Сепак, продолжил да ги масира градите на бебето со надеж дека неговото малечко срце ќе биде поголемо од ужасите и ќе ја надживее трагедијата на Сирија.
Први отчукувања, кожата му се заруменила, а потоа и – плач…Неговата мајка се вика Мајиса. На патот до болницата била тешко повредена во воздушен напад. Скршена ѝ е нога, а повреден ѝ бил и стомакот во