Големиот пожар кај Богданци локализиран, штетата е огромна

Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од подрачните одделенија за заштита и спасување во Републиката, информира за моменталната состојба на пожарите во Богданци и Неготино.-Пожарот кој се појави вчера во општина Богданци е локализиран и е ставен под контрола. Опожарени се околу 12.000 м2 површина – сува трева, стрништа и смрека. Од 4 часот наутро на лице место во гаснењето на пожарот учествуваат тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе кои се предводени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, во гаснењето учествуваат и 20 луѓе од просторните сили на општина Богданци, 1 медицинска екипа, 49 лица од Македонски шуми и лица од противпожарните служби на Валандово, Струмица, Гевгелија и Дојран. Во моментот пожарот е локализиран и ангажираните лица остануваат на терен за да не дојде до негово повторно активирање, информираат од ДЗС.
Пожарот кој се појави вчера во местото викано Гоцева шума е локализиран и на лице место се вработените од ПОЗС Неготино, ПОЗС Кавадарци, од ТППЕ Неготино и 30 лица од Македонски шуми.
Дирекцијата за заштита и спасување, преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на теренот во врска со настанатите пожари и за секоја нова настаната состојба во континуитет ќе известува.-Пожарот кој се појави вчера во општина Богданци е локализиран и е ставен под контрола. Опожарени се околу 12.000 м2 површина – сува трева, с

Пронајдете не на следниве мрежи: