СДСМ на првиот митинг за претстојните предвремени избори пред прилепчани ја обелодени својата програма.Собраните жители на Прилеп беа сведоци на кршењето мраз на СДСМ за митинзите кои допрва ќе се одржуваат во другите градови низ Македонија.
– Прилеп е град на слободата и е спремен за новиот наш ден на слободата, а тој ден е 11 декември. Институциите ќе работат само за граѓаните. Нашиот план е базиран на реалност ако сакаме Македонија да функционира. Вие знаете колку труд имаме вложено во нашиот план, бидејќи го правевеме заедно. Вие знаете дека не е бајка. Македонија ќе доживее промени на 11 декември – порача Заев пред прилепчани.
Вистински неред настана кога изнајмениот преведувач на албански јазик погрешно ги преведе овие зборови со што митингот на СДСМ доживеа фијаско.
Ви го пренесуваме преводот во целост:
– Прилеп досега беше град на слободата и подготвен е на 11 декември да стане граница на нова федерализирана Македонија. Врз основа на досегашните искуства со техничките министри, криминалците ќе ги уживаат сите права. Нашиот план се базира на долгогодишни планирања како да ја уништиме Македонија. Знаете колку молевме по амбасади за да го финансираат нашиот план, бидејќи заедно со невладини организации го имаме правено. Знаете дека ви продаваме магла. Македонија допрва ќе стане земја која ќе ги занемари помалите етнички заедници.
*Секоја сличност со реални настани е случајнаСобраните жители на Прилеп беа сведоци на кршењето мраз на СДСМ за митинзите кои допрва ќе се одржуваат во другите градови низ Македонија.