ГОЛЕМО ФИНАЛЕ на трилогијата „Казна за гревот“- Гостин Јелена Бачиќ Алимпиќ

„Пресреќна сум што повторно ќе ја имам можноста да бидам со моите читатели и пријатели од Македонија. Горда и почестена сум што моите романи го пронајдоа патот до срцата на македонските читатели. Се надевам дека и последната книга од серијалот „Казна за гревот“ ќе ги оправда очекувањата на публиката“, истакнува Јелена Бачиќ Алимпиќ .  
Скопје (14.06.2016) Клубот Матица, на Булеварот на Книгите, во вторник (14 јуни) своите членови и читатели ќе ги почести со присуство на најчитаната балканска авторка Јелена бачиќ Алимпиќ. Поводот за нејзиното гостување е излегувањето од печат на последната книга од трилогијата „Казна за гревот“, „Молитва за прошка“.
„Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на ‘Молитва за прошка‘, третата книга од трилогијата ‘Казна за гревот‘, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања“, изјави Бачиќ.
По првите два романи „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“ ова е неверојатна завршница која сите со нетрпение ја очекувавме.
„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите. И за љубовта како последно засолниште.
Финалето ќе започне во 19:00 часот на Булеварот на Книгите (Бул. Климент Охридски) и ќе биде своевидна увертира за бројните настани и изненадувања што ќе се подготвуваат во Клубот за лето 2016.
  
Скопје (14.06.2016) Клубот Матица, на Булеварот на Книгите, во вторник (14 јуни) своите членови и читатели ќе ги поче

Пронајдете не на следниве мрежи: