Големо почитување на историјата и великаните од страна на Општина Прилеп

Во изминатиов период Општина Прилеп покажа големо почитување на нашата историја со поставување на голем број спомен обележја на нашите великани и херои, од кои голем дел го дале својот живот за слободна, суверена и независна Македонија.Се поставија споменици на Кузман Јосифоски-Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Методија Шаторов-Шарло, споменик посветен на Карпалак и споменик посветен на Прилепските Бранители. Свои споменици добија и Пеце Атанасовски, Тоше Проески, Блаже Конески, Круме Кепески како и Крали Марко. Во старата чаршија беше изграден и споменик на познатиот прилепски лик Итар Пејо.

Исто така се реновираше Участакот како споменик на културата заштитен со закон, се поставија нови бисти на народните херои кои претходно беа украдени од Паркот на Револуцијата, а целиот овој компекс од една руинирана и запоставена средина прерасна во еден од најмодерните и најубави делови на градот.

Се изгради и патека на славни прилепчани пред Домот за култура „Марко Цепенков“ на која се испишани имињата на голем број наши познати сограѓани.
За оваа година предвидено е да биде обновена Алејата во Паркот на Револуцијата со нови бисти и да бидат изградени споменици на Мирче Ацев и Битката на Ножот, во централното градско подрачје.

Претходно пак беа поставени и спомениците на Методија Андонов-Ченто и Александар Македонски.
Градот Херој вечно ќе се сеќава и ќе ги почитува делата на овие великани.

Да живее Македонија и херојски Прилеп !Се поставија споменици на Кузман Јосифоски-Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Методија Шаторов-Шарло, споменик посветен на Карпалак и споменик посвете

Пронајдете не на следниве мрежи: