На подрачјето на општината Књажевац во Бабин заб – Србија, по сјајно време и на суров терен, 140 натпреварувачи од десет земји ги одмерија силите на три дистанци во искачување по различни патеки.Најкратка на 20 км со 1400 м висина за искачување, средна на 85 км која има 4100 м за качување и најдолга на 122 км со 5600 м. Двете подолги дистанци се бодуваат за неслужбеното светско првенство – популарниот „Ултра трејл на Мон Блан“.
Во конкуренција на 20 км (Скај трејл), победи Марјан Бонев од Македонија со време од 121 минути, по него доаѓа Саша Момиќ, па Џереми Ленг од Британија. Кај жените победи Нела Лазаревиќ со време од 2 часа и 25 минути, второто место го освои Маја Дражиќ, третото Тамара Шекеровиќ.
На 85 км, победата ја понесе Јовица Јованчев од Македонија, со време од 10 часа и 16 минути, зад него пристигнал Педро Конде од Португалија и Србинот Ѓорѓе Дукиќ.
Во женска конкуренција, Ивана Самарџија победува со време од 17 часа и 54 минути. Второто место го освои Ивана Станковиќ, а третото Билјана Тадиќ.
Интересна ситуација на оваа дистанца во машка конкуренција е што прв на целта пристигнал Јури Штанков од Русија, но без валидна потврда на последниот пункт, со што автоматски беше направена дисквалификација на неговото време.
Јовица одлучи да ја подели наградата со него, кој беше феноменален спортски гест!
Фото: Курир.рсНајкратка на 20 км со 1400 м висина за искачување, средна на 85 км која има 4100 м за качување и најдолга на 122 км со 5600 м. Двете подолги дистан