Новиот Голф 7 продолжува со победите: денес, меѓународното експертско жири, го именуваше бестселерот од Волфсбург за ,,Светски автомобил на годината,, за 2013. Глобално гледано – веднаш по наградата со која се закити на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк, оваа титула ,,Светски автомобил на годината, претставува уште едно камче во мозаикот на освоени награди за Голф.
Проф. Д-р Мартин Винтеркорн – претседател на Одборот на Директори во Volkswagen AG, објасни: ,,Сите ние во Фолксваген сме одушевени од именувањето на Голф 7 за ,,Светски автомобил на годината,,. Освојувањето на оваа награда уште еднаш покажува дека Голфот е и ќе остане класа за себе во светски рамки. Ова возило поставува нови стандарди со секое свое појавување, одново и одново, особено во поглед на ефикасноста и параметрите за грижа кон околината. Наскоро, Голф ќе биде претставен и со хибридно напојување како 100% електрично возило,,.
Голфот е константен елемент на сцената на моторни возила во глобални рамки повеќе од 30 години. За седмата генерација на ова возило ова е 17-та по ред награда од неговото претставување во ноември 2012 година. При образложувањето на причините за одбирање на ова возило, жирито рече: ,, Голфот ги има токму вистинските димензии –простран е, практичен и удобен. Поседува свеж прогресивен дизајн, широка палета агрегати надополнети со импресивна листа на опрема и безбедносни системи. Доколку одбираме возило за секого, тоа е Голфот,,.
Пред само три недели компактот од Волфсбург беше крунисан за Европски автомобил на годината. Потоа следеа бројни домашни и светски награди како Најдобро возило за 2013 (‘The Best Cars of 2013’), Авто трофеј 2012 (Auto Trophy 2012’) и наградата од Топ Гир (Top Gear) насловена како: Се што би ви било потребно од возило (All the car you’ll ever need) која ја заокружи листата успеси.
Жирито на изборот ,,Светски автомобил на годината,, се состои од 66 автомобилски новинари од 23 земји, кои ги оценуваат возилата кои се појавуваат на светската сцена не само за овој избор туку и во нивното секојдневно работење, известувајќи ги милионите свои читатели, возачи и автомобилски ентузијасти.
Фоксваген е одамна силен натпреварувач во овој избор: Голф 5 на пример во 2009 година ја освои истата титула. Во 2012 година пак ценетата награда отиде кај најмалиот модел од гамата Фолксваген –кај up!. 2010 година исто така изборот ,,Светски автомобил на годината,, беше одбележан од Фолксваген, кога Поло како модел беше крунисан како севкупен победник, а Blue Motion изведбите на Поло, Голф и Пасат ја добија титулата ,,Светски зелен автомобил на годината,,.
Во наредните неколку месеци, на гамата Голф ќе бидат додадени изведбите GTI и GTD. Двете поспортски изведби ќе бидат промовирани оваа пролет. Од средината на април, купувачите ќе можат да го нарачаат пространиот и динамичен Голф во караванска изведба, додека пак во вторта половина од годината следува новиот Голф TDI Bluemotion кој поставува нови стандарди во поглед на потрошувачка и емисии на издувни гасови: само 3,2 l/100km и CO2 од 85 g/km што се импресивни бројки за компактната класа.Новиот Голф 7 продолжува со победите: денес, меѓународното експертско жири, го именуваше бестселерот од Волфсбург за ,