Golf Sportsvan освои најмногу поени на компаративните тестови спроведени во период од една година.Golf Sportsvan е севкупен победник според AUTO TEST за 2015 година. Популарното повеќенаменско возило од Volkswagen беше најдобро меѓу 500 останати возила и ја освои највисоката севкупна оценка по сите спроведени тестови. Наградата беше доделена денес на меѓународниот автомобилски саем (IAA) во Франкфурт.
Golf Sportsvan е најдобар автомобили за оваа година според германското списание AUTO TEST. Повеќенаменското возило импресионира со своите спортски пропорции, неверојатната пространост во внатрешноста и адаптибилените задни седишта. Повеќе од 1.500 литри багажен простор, врвни системи за помош на возачот и повеќе радио и радио навигациони системи кои за прв пат се вградуваат кај Golf Sportsvan.
AUTO TEST е едно од најреномираните автомобилски списанија од Германија. Списанието годишно тестира околу 500 модели од сите категории, од мини автомобили до големи спортско корисни возила. Уредниците на ова германско автомобилско списание поминуваат околу 1,8 милиони километри. Првичниот тест вклучува повеќе критериуми како на пример: забрзување, вртежниот момент, сопирање, потрошувачка, како и квалитет на возилото, безбедноста, постпродажната вредност, цена на дополнителните и оперативните трошоци итн. потоа следуваат компаративните тестови.Golf Sportsvan е севкупен победник според AUTO TEST за 2015 година. Популарното повеќенаменско возило од Volkswagen беше најдобро меѓу 500 останати
Пронајдете не на следниве мрежи: