Google има ново решение за брзо праќање на фајлови!

Loading...

Во Google, се чини, го слушнале плачот на многу корисници на „Андроид“ за едноставен метод за взаемно пренесување на податоци и по долгогодишен развој, тука ја имаме платформата „Nearby Share“.

Како што сугерира името, неопходно е да бидете близу до лицето со кое би сакале да споделите фотографија, линк, видео или што било друго. Само изберете го примателот кој треба да го одобри преносот и програмата автоматски ќе го избере најоптималниот протокол, без разлика дали е Bluetooth, Bluetooth Low Energy, WebRTC или WiFi од peer-to-peer, така што сега споделувањето е можно без Интернет.

Од причини за приватност, Google овозможи да испраќа датотеки анонимно и можно е да поставите дали вашиот уред е скриен, видлив за одредени контакти или е видлив за секој во околината (што дефинитивно не се препорачува).

Платформата „Nearby Share“ веќе е започнаа и таа е достапна на  Google Pixel и Samsung уредите, а планирана е поддршка за Chromebook. 

До него може да се пристапи преку Google во менито “Settings”  (Google > Device connections > Nearby Share

loading...