Google ги брише сметките на Gmail: Како да се уверите дека вашата не е меѓу нив

Google објави дека брише одредени сметки на Gmail, а еве што треба да направите за да не ви се случи тоа.Како што најави технолошкиот гигант, почнувајќи од 20 септември, цел ќе бидат сите оние сметки кои не се активни, а нивните „сопственици“ би можеле да го изгубат пристапот до е-пошта, слики и документи (односно, Gmail, Docs и Photos содржината).Во официјалното соопштение, потпретседателката за управување со производи на компанијата, Рут Кричел, даде детални објаснувања за тоа кога ќе стапи на сила оваа одлука, како и што треба да се направи за сметката да не се смета за „неактивна“.Според неа, неактивни сметки се оние кои воопшто не биле користени во изминатите две години, а причина за нивното бришење е пред се грижата за безбедноста на корисниците. Старите сметки лесно се хакираат, објасни таа.Ако имате повеќе сметки, треба да направите една од следните три работи на секоја од нив: да читате или праќате е-пошта, да споделувате фотографии или да гледате YouTube додека сте најавени на вашата сметка на Google или доволно е да користите Google Drive или Google Search.Ако направите нешто од горенаведеното, Google ја смета вашата сметка за активна и нема да ја избрише, а не мора постојано да го правите тоа – доволно е еднаш годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи: