Еден од следните најголеми пазари на кои телефонските компании ќе заработуваат милијарда долари, е виртуелната реалност. Иако овој пазар сѐ уште е во почетна фаза од развојот, досега е забележан голем напредок, а луѓето кои имале можност да ја испробаат оваа технологија, се воодушевени од нејзините можности и перформанси.Големиот потенцијал на оваа технологија на време го препознале компаниите како што се Фејсбук, кој за дури две милијарди долари ја купи ВР компанијата „Окулус“. Самсунг во соработка со оваа компанија разви очила за виртуелна реалност, а соработката веќе почна да се проширува и со другите компании.
На неодамна одржаниот Mobile World Congress, еден од најинтересните гаџети беше Vive, кој претставува уред за креирање на виртуелна реалност, кој го развија Valve и HTC. Поголемиот дел од новинарите кои имале прилика да ја испробаат неговата демо верзија, биле воодушевени со реалните 3Д светови.
Ако се земат во предвид информациите кои неделава беа објавени на интернет, за виртуелната реалност се заинтересирани и од Google, па се шпекулира дека оваа компанија сака да развие оперативен систем за апликации наменети за виртуелната реалност.
Веќе извесно време, десетици инжинери работат на Андроид АР (virtual reality), платформа која им е наменета на уредите за виртуелна реалност кои би ја дистрибуирале слично како и класичниот Андроид за паметни телефони – оперативниот систем би требало да биде бесплатен и програмерите за него би развивале апликации исто како што денес се развиваат апликации за телефони, таблети и преносливи уреди.
Со оглед на тоа дека голем број од конкурентските технолошки компании веќе извесно време вложуваат милијарда долари во виртуелната реалност, потегот на Google се чини дека е логичен, бидејќи виртуелната реалност навистина би можела да биде идна платформа за видео игри, но и за комуникација и забава.Големиот потенцијал на оваа технологија на време го препознале компаниите како што се Фејсбук, кој за дури две милијарди долари ја купи ВР компаниј