Google ѝ става крај на Picasa уште оваа пролет!

Google објави на својот официјален блог дека ќе го прекине одржувањето на Picasa, апликацијата за лесен трансфер, наоѓање, организирање и споделување на фотографии.Уште во март годинава, компанијата ќе престане да ја ажурира десктоп апликацијата, а од мај корисниците нема да можат да прават промени во албумите на интернет, објави The Verge.
По сѐ изгледа дека компанијата сака да ги пренасочи корисниците кон Google Photos: „Најлесниот начин за пристап, менување и споделување на содржините од Picasa е во Google Photos. Сите ваши фотографии и видео датотеки ќе ве очекуваат таму“ – стои во објаснувањето.
Корисниците кои немаат желба да користат Photos, ќе имаат пристап до фајловите во Picasa и по месец мај, но само ќе можат да ги преземат или отстранат. Сепак, компанијата не очекува сите фанови на Picasa да преминат лесно на новата апликација.
За оваа група корисници, проектниот тим планира сопствена платформа, за да можат фотографиите и нивните метаподатоци да продолжат да им бидат достапни на корисниците.
Крајот на Picasa влијае и врз фирмите кои го користат протоколот API од портали за ставање фотографии во свои проекти. Функциите на интерфејсот ќе бидат ограничени од 1 мај. Picasa постоеше две години, кога во 2004 година беше купена од Google. Со ставање на Google+ опцијата, Alphabet изгради втора платформа која минатата година стана Google Photos.
Минатата есен, според официјалните податоци, услугата имаше 100 милиони корисници.
Пред три години, едниот од основачите на компанијата и поранешен извршен директор Лари Пејџ, изјави на социјалната мрежа Google+ дека постои намера „да се поедностави сортирањето“ на производствената линија.
Во следните години, Google планира да се фокусира на проекти кои се сметаат како клучни за компанијата. Не е прв пат Google да затвора свои проекти, вклучувајќи и такви кои уживаат голема популарност. Во јуни 2011 година, компанијата најави планови за прекин на Google Health и Google PowerMeter – два проекта кои некогаш изгледале како прилично амбициозни.
Со помош на лансирањето во мај 2008 година, Google Health корисниците можеа да ги чуваат во глобалната мрежа свои медицински податоци (информации за здравствена состојба, рецепти и слично) и да обезбедат пристап до овие информации на други лица.
Идејата на промоцијата во 2009 година на Google PowerMeter беше да се обезбеди алатка со помош на која корисниците ќе можат да ја следат потрошувачката на електрична енергија во својот дом од било каде со интернет конекција.
Во средината на 2012 година, Google одлучи да затвори повеќе или помалку познати услуги, вклучувајќи iGoogle, Google Mini, Google Video, Google Talk Chatback и апликацијата за пребарување Symbian.Уште во март годинава, компанијата ќе престане да ја ажурира десктоп апликацијата, а од мај корисниците нема да можат да прават промени во албумите

Пронајдете не на следниве мрежи: