Google, заедно со швајцарската фармацевска компанија Novartis, вчера објавија дека ќе соработуваат во проектот на креирање на „паметни“ контактни леќи, наменети за дијабетичари, како и леќи за полесно фокусирање кај постарите лица.Леќите за дијабетичари ќе ја анализираат глукозата во течноста од солзите и ќе ги испраќаат податоците на смартфон. Ова ќе им помогне значително на дијабетичарите, кои дневно се боцкаат и до десет пати, за да го проверат количеството на шеќер во крвта.
Покрај овие, компаниите развиваат и леќи наменети за видот кој ослабнува кај постарите луѓе. Имено, технологијата во овие леќи ќе му помага на окото во фокусирање на предмети во близина. Одговорните се надеваат дека ќе функционира слично како автофокусот на фотоапаратите.
Компонентите во леќите ќе бидат микрочип, сензори и друга оптимизирана електроника.
Леќите ќе бидат дизајнирани од Google X, а лиценцата за оваа технологија за поседува Novaris. Проектот претходно беше најавен на почетокот на оваа година, а ова се први подетални информации за „паметните“ контактни леќи.
Дознајте повеќе на: gsm.mkЛеќите за дијабетичари ќе ја анализираат глукозата во течноста од солзите и ќе ги испраќаат податоците на смартфон. Ова ќе им помогне значително на