Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на фјучрсот во Арад, Романија.Нашата тенисерка во полуфиналниот меч против осмата носителка на турнирот, хрватката Ема Микулчиќ, славеше во два сета, првиот сет го доби со резултат 6-4, додека пак вториот со тај брејк, со резултат 7-6.
Нашата тенисерка е шести носител на турнирот во Арад, па сега ќе има можност да направи одличен успех освојувајќи го турнирот во Романија.
Инаку, нејзината ривалка во финалето, ќе и биде 16-годишната Русинка, Анастасија Комардина.
Извор/Фото: „НоваМакедонија“Нашата тенисерка во полуфиналниот меч против осмата носителка на турнирот, хрватката Ема Микулчиќ, славеше во два сета