За 24-ти декември можеме да зборуваме секогаш. Вие тогаш, исто како и сега, сакате да ја срушите државата, да ја срушите економијата, ниту една плата да не се исплати, ниту една пензија да не се исплати, реплицираше пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ.-И вие тогаш велевте дека тогаш ако се усвои Буџетот во Македонија ќе има грчко сценарио. Дека банкоматите ќе бидат празни, дека државата ќе банкротира и така натаму. Се случи нешто такво во 2012, 2013, 2014 или пак во 2015 година? Не! Значи ние 10 години поминавме чекајќи ги вашите црни сценарија кои што секој ден ги најавувате. Сега мора да ви се признае, поупорни сте, директно работите против државата, праќате писма, кодошите, ја рушите државата, бркате инвеститори и овој пат навистина се гледа плод од вашиот труд. Но повторно нема да ви помине, се обрати Ѓорчев.
Ѓорчев потоа напомена уште неколку работи кои пратеникот од СДСМ Андонов ги истакна во својот говор во врска со тоа дека внатре во СДСМ сеуште не се договорени и не знаат дали се за инфлација, дефлација или стабилен курс.
– Дајте еднаш договорете се. Кога има инфлација, велите инфлацијата е лоша. Кога има дефлација, велите дефлацијата е лоша. Кога имаме стабилен фискен курс, целите лошо е тоа. Ајде договорете се, барем еднаш во СДСМ. Дали треба да има инфлација, дефлација или фиксен курс. Четврто нема! Што е лошо, што е добро, договорете се! “
На крајот, Ѓорчев реагираше на споредбата на Андонов од СДСМ на Македонија со Авганистан во однос на економската состојба.
-Па господине Анднов, зборите од говорница во Собранието на македонската држава. Да ви докажам колку ви е апсурдна споредбата, во Авганистан, 7 од 10 луѓе се неписмени, незнаат името да си го напишат. И вие Македонија ќе ја споредувате со Авганистан и потоа очекувате некој сериозно да ве сфати, заврши Владимир Ѓорчев.
-И вие тогаш велевте дека тогаш ако се усвои Буџетот во Македонија ќе има г