На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев зборуваше за енергетската политика на Република Македонија, односно дека во државата највеќе енергија се троши во декември, јануари и февруари и Македонија нема потенцијал да се снабдува со сончева енергија, односно со фотоволтаични централи во овие месеци, и ако тоа се случи, луѓето ќе останат без струја и со ладни домови.-Втора работа која што треба да се знае, е дека ако во Република Македонија ги укинеме термоцентралите ние утре ќе останеме без струја и дали некој сака да води одговорна политика или неодговорна политика ако Македонија остане без струја, истакна Ѓорчев и додаде:
„Значи ако ние немаме термоцентрали ние утре нема да имаме струја или ќе треба да увезуваме струја, а знаеме кој увезува струја во Македонија и место 28 милиони евра капитал, ќе направи 280 милиони евра. Тоа е есапот и тоа е пресметката на која што треба да бидеме свесни.“
-Ако утре се укине РЕК Битола, замислете што ќе значи тоа за Битола и за Македонија, ако сакаме да бидеме одговорно кон пелагонискиот крај, кон источна Македонија, спрема западна Македонија, настрана дневните политики, треба да размислуваме за каква ќе биде економијата за наредните 20 години или наредните 30-40 години, дали ние можеме да дозволиме да живееме од сливи и од туризам во цели региони на Република Македонија, вели Ѓорчев.-Втора работа која што треба да се знае, е дека ако во Република Македонија ги укинеме термоцентралите ние утре ќе останеме без струја и дали некој