Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на денешната собраниска седница ги повика пратениците од СДСМ да ја подржат иницијативата подржана и потпишана од 270 мајки, која се однесува на измената на законот за работни односи во делот на продолжување на породилното отсутво од 9 на 18 месеци.-Една од дилемите драги пратеници е, дали зборуваме за формата на иницијативата или потребата од неа.Некој заради формата на иницијативата која е поднесена сака да ја оспори очигледната потребата од продолжување на времетраењето на породилното отсутво, истакна Ѓорчев и додаде:
-Очигледно е дека кога сте опозиција, имате друга диоптрија за потребите на граѓаните, и тогаш ветувавте се и сешто на секого ,но сега кога имаат иницијатива од страна на мајките кои се засегнати, гледаме дека негативно се изјаснува СДСМ, односно не ја подржува иницијативата. Дури и вашиот пратеник Павле Богоевски, пред некое време, самиот посочи дека иницијативата е коректна и треба да се подржи.
Пред еден месец, додаде Ѓорчев, беше прифатливо тоа што го потпишале 270 жени, а сега за новата влада и за парламентарното мнозинство иницијативата е формално-правно неуредна и не прифатлива.-Една од дилемите драги пратеници е, дали зборуваме за формата на иницијативата или потребата од неа.Некој заради формата на иницијативата која е п