Дали ќе постои македонски јазик во договорот со Грција, дали името ќе биде и за внатрешна употреба, ќе имаме ли право во меѓународната заедница да се нарекуваме Македонци со договорот кој ќе го потпише новата Влада, го праша Влатко Ѓорчев, Мухамед Зеќири во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.Според Ѓорчев новата влада на СДСМ, ДУИ и Алијансата треба да ги остварат своите предизборни ветувања, за шест месеци на Македонија да и донесе членство во ЕУ и НАТО без загрозување на македонскиот идентитет. Истовремено проблемите кои Македонија ги има со соседите не се ништо ниво, тоа Македонците го преживуваат изминатите 100-200 години.
-Во соседните земји и ден денес има политичари кои на Македонците им ги оспоруваат основните човекови права како и правото на Македонија да се нарекува како што сака. Македонија во 2008 беше пред портите на НАТО. Македонија победи во спорот во меѓународниот суд во Хаг. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од претходната, на Македонија и донесе препорака за старт на преговорите со ЕУ. Да беше ова лесен проблем и владата на Хари Костов, Бранко Црвенковски и Владо Бучковски ќе го имаше решено овој проблем, истакна Ѓоргев.
На ова Зекири се надоврза дека Македонија ги испровоцирала Грците за да го блокираат влезот во НАТО. Ѓорчев му одговори дека е некоректно да и се дава изговор на Грција и вината за овој спор се гледа во Македонија на која и се оспорува македонскиот идентитет. Тој го праша кои провокации Македонија ги правела во ’92 година.
-Кои провокации ги правела Македонија ’48-’49, кои провокации Македонија ги правела 1912-’13 и повторно вие вината ја наоѓате во Македонската страна. Од Македонија се бараат еден куп остапки кои СДСМ е подготвена да ги направи за да остане на власт, вели Ѓорчев.
Тој изјави дека е загрижувачки што „Фајненшал Тајмс“ пишува дека Македонија е подготвена да го промени името за влез во НАТО како и во други влијателни европски медиуми. Заев е единствен премиер на Македонија кој морал да дава гаранции дека ќе ја почитува унитарноста на македонската држава.
Влатко Ѓорчев побара новата влада да ги одржи нејзините ветувања за брз влез во ЕУ и НАТО без загрозување на македонскиот идентитет. Тој остави сомнеж дека функционерите на новата влада во изминатиот период ја покажаа нивната подготвеност за виткање на кичмата за проблеми кои се ирационални.Според Ѓорчев новата влада на СДСМ, ДУИ и Алијансата треба да ги остварат своите предизборни ветувања, за шест месеци на Македонија да и донесе чле