Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денес повторно е на терен меѓу граѓаните. Тој оствари посета на Брвеница, Седларце, Лешок, Непроштено и повеќе други места во општина Теарце.Ги слушна потрбите на граѓаните од овие населени места и со нив разговараше за проектите кои ги спроведува владејачката партија, но и за низа нови мерки од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев им порачал на граѓаните со кои оствари средба дека Македонија ќе излезе од кризата во која беше втурната од страна на СДСМ.
-Македонија покажа дека е доволно силна да ги издржи овие удари и да ја надмине кризата. На 11-ти декември претстои битка за Македонија во која граѓаните ќе порачаат дека цврсто стојат на позициите на македонска државност, дека цврсто стојат на позициите на македонската самостојност и нивното право да одлучуваат за нивните работи. Само граѓаните на Република Македонија ја бираат Владата. Тие се врховниот арбитар, тие даваат или земаат власт. 11-ти декември ќе биде денот кога граѓаните на Република Македонија, демократски, со ливче во раката, ќе одлучат за оваа држава од позициите на македонска државност и правото на избор, порача Ѓорчев.
Во придружба на Ѓорчев на денешните средби со голем број на граѓани беше и Владимир Неловски, лидер на партиската пладина на ВМРО-ДПМНЕ.Ги слушна потрбите на граѓаните од овие населени места и со нив разговараше за проектите кои ги спроведува владејачката партија, но и за низа нови