Ѓорчев: Народот е загрижен за иднината на оваа држава

Имате прилично лоша проценка која што е штетна за Македонија. Лошата проценка е дали Република Македонија секој 10, 15 години може да поднесува, нов и нов Рамковен договор, нови и ново редефинирање и кон што може сетоа тоа да не однесе, потенцираше денес на Собраниска седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.Тој нагласи дека целата ситуација оди во насока која што не е добра за Македонија со сите редефинирања и отварање на крупни прашања за Македонија.
-Имаме народ кој што е загрижен за иднината на оваа држава. Дури да се избере претседателот на Собранието и на Владата ако нешто не испорачате за месец, два или три тогаш ќе ви речат ќе ја напуштиме Владата ќе влеземе во нова криза, значи кризата ќе се рециклира од една во друга. Затоа што тогаш дури и да бидете во Владата барањата кои што ќе ги добивате да ги испорачате ќе бидат секоја недела, а заканата ќе биде рушење на владата, рече Ѓорчев.
Тој на крајот истакна дека кризата требаше да се реши многу порано, за да не дојде во државата и до етничка криза.Тој нагласи дека целата ситуација оди во насока која што не е добра за Македонија со сите редефинирања и отварање на крупни прашања за Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: