Владимир Ѓорчев, носителот на листа во ИЕ 6 за каде пристигнаа приговори од СДСМ порача синоќа пред ДИК дека изборите биле кристално чисти.– Тука сме нека слушнат колку не има. Ги добија сите услови што ги побараа, како никој во светот. Добија министер за внатрешни работи кој што не го заслужија. Добија министер за труд и социјала, добија заменици за финансии, земјоделие, за администрација со право на вето и ад-хок тело за цензура како никаде во светот кое даваше казни само на одредени медиуми.
Наметнува цензура и едноумие во 2016 година, како никаде во светот. Тоа ќе биде запишано со срамни букви во историјата на новинарството. Тие казнуваа медиуми, новинари поради мислење или изнесен став. Рекоа дека има 400.000, па 300.000, па 500, па 100 фантомски гласачи за ДИК на СДСМ да утврди да има повеќе гласачи. Лажеа дека заминале 600.000 луге, а добија едвај 1000 луѓе во дијаспората.
Македонија гласаше и народот одлучи победа за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Ова е народот. Во 6та ИЕ победивме со многу работа, напор и труд на членството, но и многу луѓе од СДСМ кои гласаа за нас. Беа загрижени поради нивните предлози. На митингот во тетово и Гостивар се обратив и поддршката дојде. Браќа и сестри нашата победа е чиста како солза. Во 2004та година во втор круг за претседателски избори бев координатор за 6та изборна единица и имаше резултати 600:0.
Тогаш Стево Пендаровски беше претседател на ДИк имавме стотици приговори и ни еден не се прифати. Жени влечеа за коси и вадени на улица од избирачки места, е тоа е демократијата на СДСМ.
Браќа и сестри нека се чуе, ако некој сака да аплаудира за одлуките на ДИК нека аплаудира, но ако некој е незадоволен, ако на некој не му се допаѓа оваа лакрдија, нека се чуе еден големо УА!!! Ние сме тука и во август и во јули, ако треба. Победата е на народот, на Македонија. Трката беше блиска, но 20.000 гласови разлика не е малку, порача Ѓорчев.– Тука сме нека слушнат колку не има. Ги добија сите услови што ги побараа, како никој во светот. Добија министер за внатрешни работи кој што