Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше средба со жителите од Дебар и селата Могорче, Присојница и Требиште.Ѓорчев истакна дека во овој дел од Македонија во наредниот период посебно внимание ќе биде посветено на подобрување на патната инфраструктура.
-Имаме во тој дел напредок, но имаме уште патишта кои треба да се реконструираат. Оној дел кој што е од Бошков Мост во делот на Косоврасти, дел од асфалтот е веќе изгребан, а за одредено време исто така ќе треба и да се асфалтира. По формирањето на Владата кога ќе имаме полна сконцентрирана сила на институциите, можеме да направиме и многу повеќе од Мелнички мост до влезот на Дебар во делот на Рајчица, истакна Ѓорчев.
Тој најави повеќе проекти, повеќе инфраструктура и подобра патна поврзаност.
-Значи исто онака како што го обновивме поврзувањето на Дебар и Струга или како што имаме доста асфалт и доста проекти и напредок во поврзувањето на Центар Жупа со главниот пат. Така треба да се продолжи и со средување на други делници. Ние сме сконцентрирани на решавање на проблеми, конкретни проекти и политичко дејствување кое што подразбира акција, конкретни проекти, ефект за добробит на граѓаните. Ќе имаме цела низа на проекти, посочи Ѓорчев.Ѓорчев истакна дека во овој дел од Македонија во наредниот период посебно внимание ќе биде посветено на подобрување на патната инфраструктура.