СДС изврши обид за државен удар. СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието. Одговорност за ваквото антидржавно однесување мора да има. СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ѓорчев
Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи народот и граѓаните на Македонија кои 60 дена мирно протестираа и без ниту еден инцидент го изразуваа своето несогласување со Тиранската платформа и распродавањето на државните и националните интереси.
Одговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев да издава наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку било каде во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој куршум или рикошет завршеше во некој од граѓаните? Дали полицискиот службеник кој го послушал Зоран Заев е свесен дека тој не смее да постапува по партиски наредби, туку единствено согласно законот и процедурите?
Одговорност мора да има. Целата јавност беше сведок како Зоран Заев отпочна со реализација на црното сценарио од Тиранската платформа. Целата јавност беше сведок на срамниот и шверцерски обид да се заобиколи Уставот, законите и деловникот на Собранието на Република Македонија. Секое кршење на законите и процедурите води во насилство и анархија. Зоран Заев беше свесен за тоа. Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и предизвика граѓаните, реализирајќи го овој срамен чин после 18 часот, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС.
Еве кои се одредби ги прекрши СДС во обидот да си прогласи свој Претседател на Собранието на Република Македонија.
Конститутивната седница има легитимен претседавач согласно Уставот и Деловникот. Член 63 од Уставот вели дека Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав и само доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Член 9 од Деловникот на Собранието вели:
(1) Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, а ја свика седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10,00 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник, ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница. Во овој случас седницата беше свикана од досегашниот Претседател Трајко Вељановски во претходниот состав, а актуелен пратеник. Значи сосема легитимно и согласно уставот и законите и деловникот.
(2) Пратеникот кој ја свикал првата седница, тоа е Трајко Вељановски, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.
Бидејќи Конститутивната седница беше свикана во предвидениот рок, како што сите знаеме, од претседателот на претходниот состав тој и претседава со неа, токму како што вели став 2 од Член 9 од Деловникот. Само доколку претходниот претседател не ја свикаше Конститутивната седница, а ја свика тогаш согласно одредбите седницата ќе ја свикаше најстариот пратеник и истиот ќе претседаваше со неа. Во овој, деветти состав на Собранието најстар по возраст пратеник е пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ.
Согласно кажаното, целосно нелегитимна, противуставна и противделовничка е улогата на Ферид Мухиќ како претседавач, кој всушност не е ниту најстар пратеник во овој состав на Собранието, ниту пак беше најстариот пратеник во салата, ниту пак има деловничка оправданост за друг претседавач на Конститутивната седница освен досегашниот претседавач Трајко Вељановски. Преседан е произволното одредување и назначување на претседавач вон секаква деловничка процедура!
Член 68 од Деловникот го уредува времетраењето на седниците:
(4) Седница на Собранието се одржува во времето од 11,00 до 18,00 часот, со пауза од еден час, ако претседателот на Собранието, за одделни седници поинаку не одлучи.
Бидејќи поинаку не беше одлучено, ниту договорено, претседавачот на Конститутивната седница 20. продолжение од истата, одржано на 27.04.2017 година, деловнички го затвори во 18,00 часот и ги извести пратениците, медиумите и јавноста дека следното продолжение ќе се одржи утредента, со почеток во 11,00 часот. Одржувањето на следното 21. продолжение беше договорено по претходна консултација со сите политички партии.
Оттука, обидот да се глуми ново продолжение на Конститутивната седница е нелегитимно и претставува кршење на одредби од Деловникот и Правилниците за работата на Собранието кои се однесуваат за свикување и организирање на ново продолжение на седница. Собраниската служба ги реализираше сите предвидени чекори и обврски за свикување на следното 21. продолжение. Беше испочитувана процедурата во електронскиот систем е-Парламент, со нотификација која ја добиваат сите пратеници на своите службени имеил адреси. Така се свикува седница, а не со станување од место. Воедно, е-Парламент системот поврзан со официјалната веб страница на Собранието го евидентираше 21 продолжение на Конститутивната седница за 28.04.2017 година во 11,00 часот што беше видливо за медиумите и граѓаните.
Законот за Собрание предвидува јавноста на седниците. Во конкретниот случај немаше пренос на седницата, ниту пак имаше соодветен превод, а Талат Џафери си се обраќаше исклучиво и само на албански јазик.
Членот 80 од деловникот јасно укажува дека не смее една точка да се затвара, додека не се исцрпат дискусиите по неа. Ниту еден член од Деловникот не може и не смее да се толкува изолирано од останатите членови. Член 78 не може да се толкува без да се има во предвид член 80, што значи редоследот на точките од утврден дневен ред може да се менува единствено по завршен претрес на отпочната точка по која тече расправата.
Во целокупната историја на работењето Собранието на Република Македонија, на одржани илјадници седници, со илјадници и илјадници точки по кои пратениците расправале, не постои ниту еден пример, никогаш во ниту еден случај, кога во тек на расправа по некоја точка, расправата била прекината и се преминало на друга точка од утврден Дневен ред. Затоа таков пример не беше споменат и посочен од пратениците кои упорно настојуваа да се прекине отпочнатата расправа и да се премине на следната точка.
Со актот на СДС се суспендираше и правото на комисијата и други пратеници да дадат свој предлог за Претседател на Собранието. Со актот на СДС се суспендираше правото на комисијата и на други пратеници во Собранието на Република Македонија да дадат свој легитимен законски и деловнички предлог за Претседател на Собранието.
Член 22 вели
(1) Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.
(2) Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.
Со преминување на точка 4, беше суспендирано правото на сите останати пратеници да предложат свој кандидат за претседател на Собранието, како и правото утврдено со деловникот Комисијата за прашањата на изборите и именувањата да даде предлог!
СДС тотално ги погази и одредбите кои се однесуваат на евидентните листи кои се изготвуваат за седниците. Сведоци сте дека секогаш има евидентна листа на која секогаш пратениците се потпишуваат за присуство, а тоа го немаше.
Член 30 гласи: Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата. Таква работа немаше.
Член 32 гласи: За присуство на пратениците на седниците се води евидентен лист што е отворен во текот на одржување на седницата, кој што сега го немаше, а на крајот од работниот ден се предава на претседателот на Собранието, што сега не се случи.
На импровизираното нелегитимно продолжение немаше пријавување на присутни ниту отсутни пратеници, ниту постои било каков евидентен лист!!
СДС тотално ги погази и одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на неопходниот кворум за работа на Собранието.
Член 95 вели: Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале “за”, “против” или “воздржано”, како и бројот на пратениците што се присутни. Дали некој прочита број на присутни пратеници? Апсолутно не. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Што не беше случај. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сé додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.
На импровизираната, нелегитимна седница не беше утврден кворум, воопшто не постоеа услови кворумот да биде утврден, така што се доведува во прашање бројот на пратеници во салата и кворумот за работа!
Политичкото насилие на СДС го погази и член 107 кој вели: За работата на седницата на Собранието се водат стенографски белешки. Каде е стенографот? Составен дел на стенографските белешки се и не одржаните говори на пратениците што на седницата во текот на претресот писмено се приложени со ознака дека говорот не е одржан на седницата. Стенографските белешки за работата на седницата на Собранието се чуваат во документацијата на Собранието, во електронски дигитален формат и во тврда копија. Сега ги нема. Стенографските белешки се објавуваат на Интранет (внатрешна мрежа на Собранието) и на веб страницата на Собранието (Интернет).
Не постојат стенографски белешки од оваа импровизирана, нелегална и фиктивна седница!!
СДС направи преседан и ги погази сите одредби кои се однесуваат и на самиот чин на гласање.
Член 96
(1) Јавното гласање се врши со употреба на технички средства или со кревање рака. Технички сретства се дугмињата кои ги има пред секој пратеник со гласање За, Против или Воздржан.
(2) Начинот за употреба на техничките средства се уредува со акт што го донесува генералниот секретар на Собранието.
Службата која раководи со техничките средства беше изолирана, немаше можност за гласање со технички средства како што е вообичаено!!
Во конкретниот случај СДС фиктивно си го утврди бројот на пратеници кои гласаа за нелегитимниот предлог, без утврдување на гласови за, против и воздржани, спротивно на Член 26.
За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Криминалната одлука на СДС не е објавена, ниту пак може да биде објавено нешто што е незаконско во Службен весник, иако Законот за Собрание и членовите 37 и 39 го предвидуваат тоа. Таа фиктивна одлука и формално правно не постои.
Таква незаконска одлука и не може да постои затоа што СДС во нивниот обид за државен удар ги исклучи службите на Собранието, чија работа е дефинирана со членот 40 од Закон за Собрание и членот 235 од Деловникот.
Сумарно прекршен е уставот на Македонија, прекршени се еден куп закони, прекршен е деловникот на Собранието на Република Македонија во еден куп свој членови и ставови.
За се ова одговорност мора да има! Насилството врз процедурите е исто така насилство врз демократијата.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ѓорчев
Ниедно насилство не смее да се оправдува