Сега имаме една ситуација во која СДСМ одеднаш треба да испорача. Треба да ги испорача и оние ветувања кон странство дека брзо ќе го реши името, од друга страна треба да го реши она што го ветуваше на граѓаните на Република Македонија, а тоа е зачувување на македонскиот идентитет.Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во денешното гостување во Вестите во Телевизијата Алфа, додавајќи дека првенците на СДСМ во континуитет секому му го зборуваа тоа што сака да го чуе.
-Тоа го правеа и во Македонија, тоа го правеа и надвор од Македонија. Дадени се огромен број на ветувања на целни групи, преземени се обврски кои се големи и сега одеднаш треба да се испорачува на сите адреси, посочи Ѓорчев, додавајќи дека на многу адреси ќе има разочарување.
Според него, факт е дека преземени се обврски кои што се прилично проблематични за Република Македонија.
-СДСМ во кампањата вети две клучни работи, брзо членство во Европската Унија и НАТО и зачувување на македонскиот идентитет. Гледаме кои пораки ги дава Грција. Од друга страна, СДСМ со овие потези кои ги презема ја нарушува позицијата на Македонија. Гледаме дека главните светски медиуми велат дека Македонија го менува името. Самите првенци на СДСМ се откажуваат од хашката пресуда која што вели дека Република Грција неправедно ја блокираше и и даде вето на Република Македонија, појаснува Ѓорчев.
Според него, актуeлното СДСМ е подготвен да направи нешто што никој претходно не го направил или во спротивно би се соочил со блокадата која е гледана со децении.
-Ако било лесно да се реши проблемот со името, ќе го решел Киро Глигоров, ќе го решел Бранко Црвенковски, ќе го решел Владо Бучковски, ќе го решел Хари Костов. Се работи за комплексно прашање. Или СДСМ ќе испорача нешто што никој од претходните не го испорачал или пак ќе се соочи со онаа реалност, а ќе им останат оние ветувања и обврски кои толку лесно со години ги преземаа, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во денешното гостување во Вестите во Телевизијата Алфа, додавајќи дека првенците на СДСМ в