Сето она што наредниве неколку месеци треба да го работи СЈО, може да доведе само до еден единствен исход, тоа може да значи ВМРО-ДПМНЕ да има помалку од 62 пратеници. Единствената мистерија на претстојните парламентарни избори е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58,59,60,61 или 62 пратеници.Ова на вчерашната седница на Комисијата за политички систем го истакна претседателот на истата Влатко Ѓорчев.
-За стабилноста и иднината на македонската држава важно е ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници. Со своите дејстувања СЈО единствено што може е да направи да после изборите имаме обид за коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА нешто што го гледавме во февруари и март месец и да е испорача двојазичост на Република Македонија. Рамковен договор, надграден и проширен во нова и уште поголема рамка. Рамковен договор кој ќе значи федерализација на Република Македонија, територијализирање на федерацијата и таа федерација која може да доведе во општините Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кичево, Тетово да нема команди на македонски јазик, односно да има двојазичност и да се даваат исклучиво на албански јазик. Немаме ништо против албанскиот јазик, тоа е многу убаво регулирано во Рамковниот договор, но доколку ВМРО-ДПМНЕ благодарение на активностите на СЈО нема 62 пратеници, тогаш ќе имаме сосема друга ситуација во македонската држава, вели Ѓорчев.
Доколку дојде до тоа ВМРО-ДПМНЕ да има помалку од 62 пратеници, смета Ѓорчев, по изборите ќе дојде период на договарање и преговарање и виткање на кичмата.Ова на вчерашната седница на Комисијата за политички систем го истакна претседателот на истата Влатко Ѓорчев.
-За стабилноста и иднината на