Поразениот Зоран Заев сака да ви ја украде победата, сака да ги помножи вашите гласови со нула. Поразениот, убедливо поразениот Заев сака да стане победник. Народот одлучи народот гласаше, Македонија гласаше. Нема да му дозволиме да ја украде победата на граѓаните на Република Македонија. Имаме кристално чиста победа, победа во мандати, победа во општини, јасна победа во 6 од 7 изборни единици. Победа во гласови кои се верификувани и констатирани од ДИК, порача на денешната прес конференција носителот на листа во ИЕ 6, Владимир Ѓорчев.Зоран Заев доби се што бараше, услови кој што никој во светот не ги добил и граѓаните одлучија да ја поразат неговата политика и да ја задржат унитарноста на Република Македонија и уставниот поредок. Оваа држава има институции, народ и поредок. За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Заев, туку граѓаните на Македонија преку слободно изразена волја, народот гласаше и ја кажа волјата. Победата ја верификуваа меѓународните институции, Европската Унија, Могерини, Хан, ОБСЕ, ОДИХР, САД и цела низа на земји со кои имаме билатерални контакти. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на граѓаните ја потврди ДИК со сите одложувања на пресови, по два дена броење. Дури и ДИК излезе и кажа јасно победа во мандати, општини и број на гласови за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Заев излезе пред 1 час и се закани. Продолжува да се заканува, нека води сметка дека се заканува на 453.000 граѓани на Македонија. Граѓаните се народот, народот гласаше и народот нема намера да дозволи Заев со грст луѓе и соработници да ја украде демократски изгазената волја на граѓаните на Македонија, рече Ѓорчев.
Заев и тие околу него треба да знаат дека се играат со трпението на трпелив човек, се играат со гневот на трпелив човек. Овој народ покажа трпеливост, но ако некој сака да ја украде нивната волја, ќе стане гнев.
-Ни треба честитка европски манири. Во европски земји и со многу помали разлики се честитала победа. Заев не треба да ја турка Македонија во сценарио кое не е добро за државата, да престане да ја продолжува кризата. Директно упати повик за фалсификување на резултатите на ДИК. Изборите беа чисти како солза. Нека го праша Пендаровски за изборите во 6ИЕ во 2004, европскиот Пендаровски кој не прифати ни еден приговор а имаше репетирани пиштоли и клашникови, жени беа влечени за коса, имаше бомби, тие избори ги верификуваше Пендаровски во 2004. А сега кога имаме кристално чисти избори, кои тие ги организираа имаат намера да ги оспоруваат резултатите и да ја носат Македонија кај што не треба. ДИК треба да има интегритет, да има јасен став сите многу добро знаеме дека изборите беа кристално чисти. Сите знаат. Ајде да се заврши целата оваа работа и во европски манири да си честитаме. Граѓаните 453 000 нема да му дозволат на Заев и грст луѓе околу него да им ја украдат победата, заклучи Ѓорчев.Зоран Заев доби се што бараше, услови кој што никој во светот не ги добил и граѓаните одлучија да ја поразат неговата политика и да ја задржат унит