Ѓорчев: Владата на СДСМ не може да реши еден обичен проблем

Влатко Ѓорчев во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, му порача на Мухамед Зеќири  дека граѓаните, а исто така и Албанците за многу брзо време ќе ја видат демагогијата на СДСМ и од друга страна ќе ја видат ефикасноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ каде што била фер, каде што испорачувала резултати без оглед на етничката припадност, бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ работела еднакво за сите.– Проблемот е што вие настапувате кон Албанците со демагогија. Вие не кажувате кога ќе ги зголемувате платите, не кажувате кога ќе ги зголемите пензиите, му порача Ѓорчев на Зеќири.
Ѓорчев го праша Зекири како потпретседател на СДСМ дали се сеќава што направила овие 27 години СДСМ.
-Која фабрика ја има отворено СДСМ, кога има зголемено плати, кога има зголемено пензии, кога СДСМ има направено спортска сала, кога е реконструирано училиште. Апсолутно ништо, нула. Сега се враќа тоа време, истакна Ѓорчев.
На новинарското прашање „ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го прослави 27 роденден, една од пораката што ја упати вашиот лидерот на партијата е единство. Единство не само во рамките на партијата, туку и единство со останатите политички субјекти независно од позиционираноста затоа што реформите треба да се туркаат односно реформите да продолжат понатаму?“, Ѓорчев одговори:
– Сите оние реформи што се добри за Република Македонија апсолутно ќе бидат подржани. Ни, ние не можеме да подржиме политики кои се вонредно штетни за Република Македонија, ние имаме ситуација каде што сега најголемиот дел од македонскиот народ е опозиција, најголемиот дел од етничките Турци, Ромите, Власите и Србите. Подаваме рака кон сите, вели тој.
Ѓорчев оваа Влада ја нарече непопуларна зошто не успева да се справи ниту со еден проблем. Истакна дека ќе се случи неспособност во наредниот период зошто не може да реши една обична мала поплава тие се парализирани, горење на отпад десет дена, целосно се парализирани.– Проблемот е што вие настапувате кон Албанците со демагогија. Вие не кажувате кога ќе ги зголемувате платите, не кажувате кога ќе ги зголеми

Пронајдете не на следниве мрежи: