Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ со 48 проекти за Тетово, а СДСМ едвај со 12

Носителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Макдонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денес одржа прес конференција пред регионалниот изборен штаб на партијата во Тетово. Главна тема на обраќањето на Ѓорчев беше споредбата на програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во однос на предвидените проекти за Тетово и тетовско.-По детална анализа на програмите од двете партии за Тетово се доаѓа до јасен заклучок, а тоа е дека програмата на СДСМ предвидува одвај 12 проекти за коишто нема рокови, нема финасирање нема конкретни планови. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 48 нови проекти за општина Тетово. Разликата е најочигледна во делот за асфалтирање на локални улици. Тука СДСМ нема ниту еден проект, а програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува конкретно целосно асфалтирање и обнова на улицата „Гоце Делчев“ во должина од околу 1.500 метри, улицата „Браќа Симовски“ во Чапчово сокаче со должина од околу 200 метри, улиците „Тодор Ципоски Мерџан“, „Иво Лола Рибар“, „Јане Сандански“, булеварот „Благоја Тоска“ од околу 1.300 метри, патот до селото Фалиште и низ селото, улицата „Борис Кидрич“, „Кузман Јосифовски Питу“, улицата Кумановска, Љуботенска како и патот кон Бродец и Шипковица, рече Ѓорчев и додаде дека во здравството се предвидени два милиони евра за набавка на најсовремена медицинска опрема наменета за клиничката болница и здравствениот дом во Тетово како и за специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок.
Во рамките на денешната агенда тој се сретна и со раководството за Здружението на пензионери во нивните простории во Тетово и оставри средби со дел од жителите на тетовските населби Колтук и Блок 70,  а за попладне најави учество и на собирот на коалициониот партнер Гром што од 18 часот треба да се одржи во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.-По детална анализа на програмите од двете партии за Тетово се доаѓа до јасен заклучок, а тоа е дека програмата на СДСМ предвидува одвај 12 проекти

Пронајдете не на следниве мрежи: