Ѓорчев: Зоран Заев не може да избега од правдата

Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега.
 Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија.

 Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите.

          Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за “Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка.

          Вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана.

          СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.
          ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот “Пуч”.

          Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како аболицираниот Заев ќе одговараат пред надлежните судови.

          Народот гласаше против деструктивната и криминална политика на Зоран Заев.

          СЈО само ја поништи основната причина заради која беше формирано, а тоа беше расчистување на скандалот со незаконски прибавените и монтирани телефонски разговори.

 
          Ќе дојде времето кога професионалци кои имаат капацитет и интегритет, ќе работат според Уставот и законите пред кои се заколнале и до крај ќе го процесуираат криминалот на Заев.
Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот

Пронајдете не на следниве мрежи: