Универзитетската професорка Гордана Силјановска смета дека она што сега се случува на политичката сцена во Македонија е сосема невообичаено, со постфестум креирани политички платформи да настапите во формирање на влада.– Очекував партиите кои би биле костур на идната влада да се повикаат на своите програми, бидејќи ние гласавме за програми на изборите, а не за идни платформи. Не дадовме поддршка за да може потоа да смислуваат. Но тоа е македонската реалност – изјави Силјановска.
Силјановска додава дека не знае што ќе се случува понатаму, бидејќи очигледно во македонската политика има многу ирационалност, а сите сме оставени на она што постојано се критикува во годишните извештаи за напредокот на Македонија.
– Тоа е феноменот на партитократија. Повторно сме ние во рацете, не на партиите туку во рацете на партиските елити, да не речам лидери. Се соочуваме со уставен и правен феномен, лидери на четирите политички партии. Тоа е надвор од владеењето на правото – вели Силјановска.– Очекував партиите кои би биле костур на идната влада да се повикаат на своите програми, бидејќи ние гласавме за програми на изборите, а не