Иванов на митингот во Кратово им се обрати на сите граѓани. Кратово е град кој ги чува нашите традиции, вредности, ја почитува чаршијата, еснафот, градот на мостовите опеани во песните и затоа отчетот кој ме прави горд почнува од тоа што сите може да го видиме, економскиот раст и развој на Македонија!
Вака актуелниот и кандидат за претседател се обрати на митингот во Кратово пред граѓаните кои во голем број излегоа да го поддржат.
-Пред 5 години од ова исто место, кога многу луѓе не ме познаваа, реков дека ќе препознаете по моите 3 принципи кои ме водат во животот: дека сум чесен, дека сум искрен и дека сум вреден. По 5 години имам чист образ повторно од ова исто место да ви кажам дека останав чесен, искрен и вреден. Истиот сум, не се променив, истакна Иванов.
-Реконструиран е регионалниот пат Кратово – Пробиштип, изградени се повеќе локални патишта, изграден е мост на Крива Река во населеното место Куклица, во тек е изградбата на колекторски систем за речнотокорито на реката Кратовска. Браната „Кнежево“ е најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“ и таа беше пуштена во употреба во јануари 2013 година. Со оваа инвестиција, заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава, меѓу кои и Кратово, изјави тој и потенцираше дека и субвенциите ќе продолжат да бидат доделувани на земјоделците со цел Македонија да се изгради како напредна земјоделска земја.
-Тоа што го правев јас го правеа и Премиерот и министрите. Од сите ваши потреби се создазаваат програмите кои ги исполнуваме и за нив даваме отчет. Во тоа е разликата меѓу нас и другите. Ние секогаш тоа што го кажуваме го исполнуваме и знаеме да дадеме отчет. Дали станува збор за пат, амбуланта, училиште, сето тоа влегува во програмата на коалицијата и еден по еден проект се реализираше. Јас уште од првиот ден на фунцкијата Претседател ги поддржував сите проекти кои се во интерес на грѓаните на Македонија. И во рамките на моите надлежности секогаш помагав тие проекти да се реализираат. Видовме дека се спроведуваат реформи во секоја област од нашиот живот.
Иванов истакна дека остварени се и проекти во културата, оразованието, социјалата, а дека се повеќе се обрнува внимание на иницијативите и проектите за самовработување на младите.
-Продолжуваме со ист интензитет, со иста посветеност и љубов кон Македонија,изјави Иванов.
-Почитувани, заедно со Владата водевме надворешна политика заснована врз принципи. Отвореност, дијалог и соработка. Најголем дел од времето посветивме на прашањето за разликата околу името, што ни го оставија во наследтсво. Имам јасен став за кој знам дека имам поддршка од граѓаните за тој став. Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.
И овде во Кратово ќе повторам, македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања. Јас сум претседател кој го слуша својот народ и му служи на својот народ!
Кратово е град кој ги чува нашите традиции, вредности, ја почитува чаршијата, еснафот, градот на мостовите опеани во песните и затоа отчето